Вчера попладне околу 18,15 часот на фудбалскиот стадион во кумановското село Шупли Камен, за време на натпреварот помеѓу ФК„Башкими“ и ФК„Карпош“ и двата клуба од Куманово, дошло до тепачка помеѓу играчите.
При интервенција на полициски службеник за воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, истиот бил физички нападнат од неколку лица, кои го фатиле во пределот на вратот и го влечеле за делови од униформата, нанесувајќи му телесни повреди, стои во соопштението од МВР.
Од страна на полицискиот службеник, поради заплашување во воздух испукани биле три куршуми од службениот пиштол, по што напаѓачите се разбегале.
Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во нарушувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


