| четврток, 6 декември 2018 |

Словаците не сакаат база на НАТО во Словачка

Речиси три четвртини (74 отсто) од населението на Словачка, е против то на нејзината територија да се постави воена база на Северноатлантската алијанса (НАТО), покажа анкетата на словачкиот весник „Сме”.

Изградба на базата поддржуваат 12,5 отсто од анкетираните, а околу 13 отсто немаат став за тоа.

Словачкиот премиер Роберт Фицо, како што јави дописникот на МИА од Прага, пред неколку дена рече дека ќе се спротистави на изградбата на база на НАТО на територија на Словачка, дури и по цена да треба да отстапи од политиката.

На самитот на НАТО во Њупорт, град во Велс, Братислава вети дека за потребите на Алијансата ќе изгради логистички центар во северна Словачка во градот Попрад. Целта на НАТО е да го зајакне военото присуство во Источна Европа во врска со кризата во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top