Секогаш оригинален во одговорите, водителот Жарко Димитриоски беше совршениот избор за да му се постават малку поинакви прашања.
Набрзо започнува новата сезона на неговата емисија „Еден на еден, а дотогаш пет брзи прашања, и уште побрзи и поинтересни одговори со Жаре.
1. Што правиш кога врне?
Одам на Виноскоп и настинувам за сите пари. Ок, тоа вчера го правев. Инаку, искрено правам се што правам и кога не врне. Пешачам на кеј, одам некаде на пијачка, пеглам со звуците на Ем Си Хамер…
2. Да имаш временска машина дали би одел во иднината или минатото и зошто?
Во минатото, нема дилема! Знаеш нешто, имаш инфо, немаш непознатици… Плус можеш да си бркаш и повторуваш убави моменти од својот живот, пак и пак и пак. Замисли, последната тегла ајвар ја јадеш по сто пати, или запознавањето со некоја драга личност, прв бакнеж со некој што ти значи повеќе од се. Ехеее, моменти има еден тон! 🙂
3. Дали си нервозен возач?
Не сум нервозен ич, ама сум распеан и разигран возач.
4. Kaко љубител на биографии, каков би бил насловот на твојата?
„Глупости – Големи и Мали” А? Виде? Виде што направив?
5. Ако имаш шест месеци без обврски и без никакви финансиски обврски, што би правел?
Би работел на временска машина. Она погоре муабетот ептен ми се заарни некако… 🙂
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


