Кралската фамилија Караѓорѓевиќ во барањето за реституција, покрај Белиот и Кралскиот двор на Дедиње, и имот на најлуксузни локации во Белград, бараат од државата да им врати и рудник за злато, објавува српскиот весник „Курир“.
Според весникот, барањето на десетина наследници на кралот Александар содржи повеќе од 70 ставки, а вредноста на тој имот е „баснословна“.
– Списокот е долг како роман. Нема што нема во него – шуми, овоштарници, ливади, недвижен имот….Она што најмногу привлече внимание е рудник за злато во општината Неготин. Со него е и лабораторија за преработка на златна руда, вели извор за весникот кој додава дека кралското семејство своевремено, го добила тој рудник на користење од државата и не биле сопственици.
Агенцијата за реституција ќе расправа дури следната година за враќање на имотот на наследниците на Караѓоргевиќ и оти ќе бараат поместување на рокот за финансиско обештетување од 2017 на 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.