| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоф со претставници на грчката компанија „Арванитидис“

dzeri-naumof1-600x400Министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф имаше средба со претставници на грчката компанија „Арванитидис“, предводена од сопственикот Харилаос Арванитидис.

Арванитидис е истакнат бизнисмен во Грција, кој претходно поседувал, управувал и подоцна продал 180 супермаркети низ цела Грција. Тој искажа силен интерес за сериозна инвестиција во повеќе различни проекти во рамките на агро-бизнисот и извозот, соопшти Кабинетот на министерот Наумоф.

Оваа средба е резултат на посетата на министерот Наумоф, кој на почетокот на месецот го посети 79-тиот Меѓународен трговски саем во Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top