| четврток, 6 декември 2018 |

Нови судири во Украина

donetsk-ukraine-ta_3047187bДве лица загинаа и 14 се ранети во вчерашниот ден на исток во Украина каде продолжија судирите со проруските активисти, и покрај тоа што во сила е прекин на огнот, изјави денеска портпарол на Украинскиот национален совет Володимир Пол Јовиј.

Тој рече дека едно лице загинало и 14 се повредени во минофрлачки напад врз градот Счастја каде се оштетени болница и средно училиште.

Пол Јовиј изјави дека во текот на вчерашниот ден загинал и еден војник додека осуммина се ранети.

Според него, продолжуваат борбите околу аеродромот во Доњецк. Повеќе од 3.500 луѓе загинаа од 11 септември откако почнаа судирите меѓу украинските сили и проруските активисти додека повеќе од 8.000 се повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top