Српскиот премиер Ивица Дачиќ, по завршувањето на шестата рунда преговори со косовскиот колега Хашим Тачи, изјави дека не е постигнат договор за овластувањата на заедницата на српски општини, а разговорите ќе продолжат на 20 март, јави „Танјуг“.
Тој истовремено ја демантира изјавата на Тачи дека е постигнат устен договор за распуштање на српските безбедносни структури, кои, наводно, постојат во северниот дел на Косово бидејќи, како што повтори, Србија во Косово нема никакви безбедносни структури.
По четиричасовниот разговор со Тачи во кабинетот на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во Брисел, Дачиќ нагласи дека не бил постигнат значаен напредок, освен начелна согласност дека треба да биде формирана заедница на девет српски општини на Косово.
– Разменивме мислења, но останаа разликите во врска со карактерот на заедницата на општините – изјави Дачиќ и истакна дека Белград продолжува да инсистира оваа заедница да има извршни и законодавни овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина