Струмичанец во текот на вчерашниот ден преживеал вистинска драма кога враќајки се од интрвенција за гаснење на пожар, движејќи се со патничко моторно возило „Лада нива“ со струмички регистарски ознаки, почувствувал мирис на бензин во внатрешноста на возилото. Кога пристигнал на улица „Ѓуро Салај“, возилото во движење се запалило и од негова страна со противпожарен апарат пожарот е изгаснат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.