| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца пожарникари ангажирани по нападите во Њујорк во 2001 година починаа во ист ден

pozarnikari
Тројца пензионирани пожарникари од Њујорк кои биле меѓу првите кои им помагале на жртвите по терористичкиот напад на кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година, починале во ист ден во период од неколку часа. Се работи за педесетипет годишниот Хауард Бишоф, три години повозрасниот Даниел Хегланд и педесетишест годишниот Роберт Ливер кои починале во понеделникот, 13 години по нападот , пишува „Си-би-ес њуз“. Сите тројца починале од карцином (леукемија, карцином на хранопроводот и карцином на цревата).

– Нивната смрт е болно сеќавање дека и по 13 години по нападот плаќаме страшна цена – изјавила главниот пожарникар во Њујорк, Даниел Нигро.

Ова повторно ги разгори шпекулациите дека при уривањето на кулите на Светскиот трговски центар се ослободила отровна прашина поради која луѓето се разболеле.

– Кога спасителите дојода на местото на нападот, воздухот беше отровен и така беше со месеци – изјавил Џејк Џемонд од синдикаотот на пожарникари.

Хегелунд 21 година бил пожарникар во Њујорк, а починал ден пред својот 59-ти роденден. Бишоф бил во пожарникарната служба 19 година, а Ливер 20 години. Сите тројца се пензионирале во 2003 година.
Во терористичкиот напад починале 343 пожарникари. Многу од нив кои помагале подоцна се разболеле, а 92 од нив починале во следните години од разни болести.

Адвокатите на жртвите бараат од Конгресот, државата да ги плати трошоците за нивното лекување и да им даде оштета на оние кои се разболеле поради вдишувањето на отровната прашина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top