| четврток, 6 декември 2018 |

„Њујорк тајмс“ објави дека Обама дал оставка, па ја повлече веста!

gty_eric_holder_obama_thg_120620_wg

И републиканците и демократите денеска беа збунети откако ја прочитаа пораката на весникот „Њујорк тајмс“ на Твитер за оставката на државниот обвинител Ерик Холдер со грешен наслов „Оставка од Обама“.

– Снимка во живо: Погледнете ја прес-конференицијата од оставката на Обама“, беше пораката на „Њујорк тајмс“.

Весникот набрзо испрати корегирана вест, која според „Вашингтон тајмс“ беше конфузна и со граматичка грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top