| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс и Брајант најдобри за февруари

Леброн Џејмс од Мајами хит и Коби Брајант од Лос Анџелес Лејкерс беа избрани за најдобри кошаркари во своите конференции за февруари

kia performance awardsОва е четврта награда за Џејмс по ред откако успеа да ги одведе своите Хит до резултат од 12-1 во претходниот месец, вклучувајки ја најдобрата серија во НБА од 12 победи во низа. Леброн имаше најдобри во месецов 29,7 поени по натпревар (со дури 64% успешност), додека заврши на деветтата позиција на асистенти со 7,8 по натпревар и украдени топки 1,85.

Брајант на спротивната страна го одведе Лејкерс до резултат од 9 победи и 4 порази, постигнувајки просечни 23,9 поени, 6,7 скока и 6,6 асистенции. Коби го заврши изминатиот месец со 4 натпревари (3 победи), на кои забележи минимум 29 поени, вклучувајќи 40 поени против Портланд (шут 15 од 23) и 38 поени против Далас Маверикс со шут 13 од 21. Четириесетте поени против Портланд беа петто такво постигнување за Брајант сезонава.

Извор: klizac.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top