| четврток, 6 декември 2018 |

Пред три месеци добил 1,3 милиони евра на лото и не ги подигнал

Среќниот добитник кој  пред три месеци ги погоди сите шест броеви во играта „лотко“ на словенечката лотарија, до вчера, кога истекуваше рокот за подигање на парите (1,3 милиони евра) не дојде да ги подигне парите, па износто е вратен во наградниот фонд, објави Лотарија на Словенија.

-Да не дојде некој да подигне толку висока добивка е прв пат, велат оттаму.

Не им е јасно дали добитното ливче што непозната личност го уплатила во една љубљанска пошта е изгубено или среќниот добитник кој се претвори во несреќник воопшто не го видел извлекувањето, па заборавил на тоа и покрај неколкукратните објави на Лотарија на Словенија во медиумите дека рокот за наплата на добивката истекува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top