Воспоставувањето инспекција преку интернет, најавено од страна на Дирекцијата за заштита на податоци, не значи дека ќе се врши контрола на објавите на социјалните мрежи, туку инспекциски надзор врз контролорите на информациите, кои можат да бидат, фирма, институција, државен орган и пошироко.
– Oнјлајн-инспекцијата подразбира вршење инспекциски надзор над контролорите, а не инспекција над социјалните мрежи. Тоа е добра алатка за намалување на трошоците, ресурсите и на времето потребно за вршење инспекциски надзор на самото место, корисно како за Дирекцијата за заштита на личните податоци, така и за контролорите. Ова е погодно време за информирање на контролорите (компании, државни органи, здруженија, јавни институции, итн.) за можоста за воспоставување подобрен механизам за комуникација со Дирекцијата за заштита на личните податоци, со цел почитување на прописите и правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност при обработка на личните податоци – велат за „Република“ од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Оттаму додаваат дека сѐ уште не можат точно да кажат кога законските измени ќе влезат во процедура на донесување бидејќи сѐ уште се дефинираат процедурите на работа, но дека посветно се работи на оваа проблематика.
Директорот на Дирекцијата, Димитар Ѓеорѓиевски, најави изменување и дополнување на легислативата за заштита на личните податоци во насока на креирање правна основа за спроведување инспекции преку интернет. Дополнително треба да се реши дали тоа ќе биде со измена на Законот за заштита на лични податоци или со Правилникот за вршење на инспекциски надзор.
Инспекцијата ќе се врши преку интернет со дозволен пристап да се влезе во системот на одреден контролор, со пристап до тоа што е објавено на неговата веб-страница, политика на приватност и слично.
– Политиката на приватност е задолжителен документ што секој треба да го поседува и објави јавно штом работи со обработка на лични податоци, без разлика дали контролорот е постиран на интернет, како веб, како блог и како друга содржина, или е весник, медиум или е во друга област. Македонија е целосно услогласена со прописите за заштита на лични податоци, во делот на имплементација бројките ни покажуваат нагорна линија во поглед на добивање преставки и барања за заштита на лични податоци и приватноста од граѓаните – нагласи Ѓеорѓиевски.
Оваа година досега до Дирекцијата се пристигнати околу 400 претставки за повреда на личните податоци, што речиси ја достигнува бројката од 404 претставки пристигнати минатата година. Лани две третини од овие претставки биле за повреди на личните податоци на социјалните мрежи. Граѓаните најмногу се жалат за хакирање профили, на злоупотреба на „Фејсбук“, „Твитер“, за објавување недолични содржини на нивните профили.
Инспекцијата преку ќе помогне и за следење на таквите злоупотреби.
Според странските експерти од оваа област Македонија за неколку години ќе биде лидер број еден на ваквиот ефективен начин на спроведување инспекции и заштита на правата и личните податоци на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По тепчаката меѓу девојчињата, инспекцијата најде пропусти кај одделенските раководители
-
Шеикот на Дубаи во инспекција на јавните претпријатија, ама немало никој (видео)
-
Проблеми со „фејсбук“ – корисниците блокирани, уште нема решение за проблемот
-
Полицијата предупредува: Не ги користите новите реакции на постовите на фејсбук



