
Во текот на викендот, кој е неколку часа пред нас, се очекува релативно фино време. Иако нема да биде сосема сончево, сепак ќе преовладува релативно суво време. В сабота наутро и претпладне во крајните севени делови од земјава е можно сосема слабо проврнување, додека во другите региони ќе има умерена облачност со сончеви периоди. Веќе околу пладне ќе почне позначајно да се разведрува – велат од Метеопро.
Попладне ќе дува умерен, а на моменти и до засилен ветер од север и од северозапад во поголем дел од земјата.
Наутро температурата ќе се спушти до 5 Целзиусови степени на повисоките населени места, а низ котлините ќе има вредност во интервалот од 8 Целзиусови степени до 12 Целзиусови степени.
Максималната дневна ќе достигне вредност околу 19 Целзиусови степени во северниот дел од земјата, а на југозапад околу 18 Целзиусови степени. Југоисточното подрачје очекува максимална температура до 22 Целзиусови степени.
Недела ќе има повеќе сончеви периоди. Во текот на денот ќе има мала облачност. Повторно ќе биде ветровито, но ветерот ќе биде послаб од саботниот.
Утрото ќе биде посвежо од саботното, но затоа преку ден ќе биде потопло. Дневниот максимум ќе биде „повисок“ во однос на сабота за околу 2 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


