Промотивните концерти на Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче 2“ во Битола и во Охрид, кои ова лето беа откажани поради прераната смрт на сопственикот на „Авалон продукција“, ќе се одржуваат оваа есен.
Од продукцијата информираат дека се закажани два промотивни концерти: во Битола на 24 октомври и во Охрид на 25 октомври.
Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската опера и балет кои се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1“.
Влезниците во продажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од 1 октомври.
Од продукцијата напоменуваат дека иако се работи за домови на култура со многу мал капацитет, тие одлучија овие концерти да бидат ексклузивни и единствени што значи дека нема да има додавање нови датуми. Ова ќе биде единствена шанса да се види Каролина во овие два града во оваа календарска година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.