| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на Европол против албанската мафија – уапсени и Албанци од Македонија

europol-pic-630x421

Во најмасовната координирана акција што некогаш била организирана во Европа против организираниот криминал во која беа уапсени над илјада лица, членови на разни мафијашки групи најмалку сто се Албанци, јавуваат албанските медиуми.  

Повикувајќи се на  Европол, тие наведуваат дека  во операцијата „Архимед“ уапсените  Албанци се главно од Македонија и од Косово, пренесува „Дневник“.

Во операцијата „Архимед“, реализирана од 15 до 23 септември, учествувале над 20 илјади полицајци  во чии рамки биле извршени над 300 акции, а освен 28 земји- членки на ЕУ, учествувале и Норвешка, САД, Австралија, Швајцарија, Србија и Колумбија. Акцијата била насочена против девет вида организиран криминал, меѓу кои трговија со луѓе, трговија со хероин и кокаин, кибернетски криминал и нелегална имиграција. Биле запленти 600 килограми кокаин, 200 килограми хероин и 1,3 тон марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top