| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден Македонец на црната листа на Грција

grcija

Активистот за човекови права и писател Ѓорѓи Канзуров е најновото име на грчката црната листа на Македонци што претставуваат „закана за внатрешниот ред и сигурност“ на Грција. Него му било забрането да влезе во Грција иако бил со намера да го посети родното место во Лерин.

Од партијата на Македонци во Грција, Виножито обвинуваат дека црната листа што ја води Грција во последните две години сѐ повеќе се зголемува откако фанатичниот антимакедонец Андонис Самарас е премиер.

Виножито посочува дека ќе продолжи да ги информира Европската унија и другите меѓународни организации за таквата негативна практика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top