| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот ќе престане попладне

дозд

Петок почнува со врнежи. Рано наутро можен е локален поинтензивен дожд во најјужните делови земјава. Претежно облачно време со повемен дожд во првата половина од денот ќе има во поголем дел од Македонија. Попладне облачноста генерално ќе се намалува, а врнежи ќе има сосема локално и ќе бидат релативно слаби. Температурата во текот на денот ќе биде значително пониска во однос на четврток.

Максимална температура во северната половина на земјата , според прогнозата на метеопро.мк, се очекува да биде 16 Целзиусови степени, а во југозападниот регион 14 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде на југоисток, до 20 Целзиусови степени.
Во скопската котлина се очекува облачно и врнежливо време претпладне, додека попладне облачноста ќе се намалува и ќе има услови за сосема слаб и повремен дожд. Максималната вредност на температурата ќе достигне 17 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top