Младиот македонски графички дизајнер, кој веќе подолго време живее во Америка, охриѓанецот Огнен Трпески е во конкуренција за најдобро креативно решение за патики на познатиот светски бренд DC Shoes.

Неговиот дизајн е еден од илјадниците пријавени од целиот свет. Конкурсот кој го објави една од најголемите модни компании – DC Shoes, се одвива онлајн, а ќе трае до понеделник, 29-ти септември.
Гласањето оди преку страната Talent House, а поддршката на Огнен може да му се даде со кликање на копчето „Vote with Facebook“.
Огнен вели дека завршил факултет за дизајн во Америка и моментално таму работи. Дизајнот е инспириран од повеќе животни сфери. Некои имаат модерен стил, форма на движење, елеганција и претставуваат иновација во светот на модната сцена.
Во 2012 година, дизајнот на младиот охриѓанец Огнен Трпески победи на изборот за најдобар дизајн и воедно стана заштитно лице на кампањата против глад која се организира во светски рамки.
На македонската јавност, тој и е познат по своите песни и дуетот со Андреј од ДНК кој беше објавен пред неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


