
Пратеничката Владанка Авировиќ од владеачкото мнозинство, како и Трајчо Димков, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледува предлог Буџетот за 2015 година нагласи неколку важни делови кои ќе допринесат за натаможниот раст на Република Македонија.
Како една од поискусните пратенички со подолг мандат во македонското Собрание, Авировиќ посочи дека во изминатиот период Република Македонија преку прибраните средства обезбедила навремено исплаќање на плати, пензиите и социјална помош предвидени со покачувањата.
Авировиќ забележа дека, сите меѓународни институции укажуваат дека Македонија води конзервативна политика во поглед на задолжувањето, а не експанзива и дозволува да имаме умерен долг во однос на останатите земји.
– Според меѓународните институции, Макдеонија не се задолжива премногу, има стабилен рејтинг во сите агенции и конкурентноста за добивање на средства е високо поставена. Тоа доприносеува странските институции да даваат кредити со помали камати бидејќи имаат доверба. Сите долгови и камати во 2015 ќе бидат навреме вратени со обврзница со 3,97% камата, изјави Авировиќ.
Друга важна работа која пратеничката ја забележа е дека, Народна Банка објави дека граѓаните штедат повеќе и дека доколку граѓаните не веруваат на Македонија нема да ги остават парите како депозити. Тие се сигурни дека нашите банки дека се стабилни и имаат завиден капитал.
Според Авировиќ, показател е и тоа што на листата за Глобална Конкурентност на Светскиот економски форум, Македонија е на 19 место од 144 земји со оцена 4,5 од можни 5. Странските инвеститори се повеќе вложуваат во производи со додадена вредност што допринесува за извозот.
Како и повеќето пратеници и Авировиќ го оцени Буџетот за 2015 година за развоен и дека ќе помогне за економски развој на Македонија во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


