| четврток, 6 декември 2018 |

Самарџиски казнет со 100.000 евра

Македонскиот кошаркар Предраг Самарџиски, кој до неодамна беше дел од тимот на Литвос, е казнет со 100.000 евра. Тие пари треба да ги исплати на својата агенција „Интерперформанс“. Причина за казната е нелегален трансфер од турскиот Олин во литванскиот Лијетувос Ритас. За време на трансферот тој не ги искористил услугите на агенцијата и покрај тоа што имал важечки договор со неа. Агенцијата реагирала и почнала процес против Самарџиски, а Арбитражниот суд одлучил тој да ѝ плати обештетување на агнецијата.

Самарџиски е казнет 21.000 долари, со дополнителните камати од 52.000 долари. Кога на оваа сума ќе се додадат и износот за судските трошоци, 18. 000 евра Самарџиски ќе биде олеснет за 100.000 долари.  Тој во јануари од Литвос Ритас се пресели во Црвена звезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top