Потценување на противникот или рутина за Пари Сен-Жермен, сеедно е, факт е дека францускиот шампион нема да одржи тренинг во Скопје пред дербито во првото коло против Металург во ракометната Лига на шампионите.
Богати се, со огромен буџет од околу 15 милиони евра и имаат вистински тим од соништата, но и покрај француските ракометари лани беа поразени од Металург, со 28-26 во Скопје во фазата по групи. И тогаш и сега се без тренинг пред мечот со македонскиот првак во салата „Борис Трајковски“, а дали повторно ќе им се одмазди таквиот однос, ќе се знае в недела, околу 21 часот.
Гостите од Париз ќе допатуваат во нашиот главен град в сабота навечер со чартер-лет, а ќе си заминат дома веднаш по дуелот со Металург. ЕХФ го прогласи дуелот за дерби на комплетната прва рунда во Лигата на шампионите, а стартот е закажан за в недела од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


