Дефанзивецот на Барселона Томас Вермален доби зелено светло да се врати на теренот, па тренерот Луис Енрике, конечно, може да смета на комплетната одбрана.
Вермален не забележа ниту еден официјален настап бидејќи летоска дојде повреден во редовите на Барселона, но по двомесечна пауза доби лекарско одобрување да се врати на теренот.
Тоа значи дека Луис Енрике ќе има на располагање пет одбранбени играчи, со тоа што Вермален може да игра и како лев бек, а тука се уште и Пике, Маскерано, Бартра и Матија.
Вермален во средата одигра натпревар за Б-тимот на Барселона и постигна гол во победата над младата селекција на Индонезија.
Барселона во сабота од 18 часот ја пречекува Гранада, а потоа во вторник гостува кај ПСЖ во Лигата на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


