| четврток, 6 декември 2018 |

„ХиМ“: Пад на продажбата во септември

h

Шведскиот синџир на продавници за облека „ХиМ“ објави силен скок на приходите во третиот фискален квартал, но предупреди дека купувачите поради невообичаеното топло време го одложиле купувањето на есенската колекција, па затоа продажбата во септември слабо се одвива.

Во тримесечниот период до крајот на август, шведската компанија остварила добивка од седум милијарди круни (974 милиони долари), што е за 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Приходите се зголемени за 21 процент, на 45,3 милијарди круни.

Летните колекции наидоа на добар прием меѓу купувачите и со тоа групацијата го зголеми пазарниот удел, се истакнува во соопштението.

– Продолживме да го зголемуваме пазарниот удел, благодарение на силниот развој на продажбата на сите наши марки. Сметаме дека тоа е доказ дека колекциите се добро прифатени – изјави извршниот директор Карл Јохан Персон.

Предупредувајќи, сепак, дека поради неочекуванотo топло време и одложувањето на купувањето на есенските колекции продажбата е забавена во периодот од 1 до 23 септември, за седум проценти, а во однос на август за речиси 20 проценти. Поради тоа септември би можел да биде месец во кој е забележан најбавниот пораст оваа година, споменаа од компанијата.

Компанијата планира оваа година да отвори нови 375 продавници во светот, но спомена дека ќе го одложи отворањето на продавниците во Индија, не споменувајќи ги причините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top