| четврток, 6 декември 2018 |

Зелениот чај е најздрав пијалак

Зелениот чај, кој е богат со антиоксиданси и други состојки корисни за здравјето, е најздравиот пијалак во светот, тврдат експерти, кои се добро упатени во моќта на дејствување на билките.

Докажано е дека две до три шолји дневно од овој напиток можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 31 отсто, а дијабетесот за дури 42 процента.

Состојките кои се наоѓаат во зелениот чај генерално влијаат врз нервниот систем, го подобруваат менталното здравје и спречуваат појава на Алцхајмерова и Паркинсова болест.

Исто така, докажано е дека жените кои пијат зелен чај можат да го намалат ризикот од карцином на градите за 22 отсто, а мажите ракот на простата за 48 проценти. Од друга страна, редовното консумирање на овој напиток го намалува ризикот од карцином на дебелото црево за дури 57 отсто и ги уништува бактериите кои доведуваат до кариес и проблеми со забите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top