| четврток, 6 декември 2018 |

Пробал да го ограби чичкото од Австралија додека тој спиел

Крушевската полиција поднесе кривична пријава  против 29-годишниот С.А. од крушевското село Пресил, поради основано сомнение дека истиот сторил кривично дело разбојништво.

Пријавениот на 22 септември, во утринските часови, влегол во куќа во која како гостин престојувал неговиот вујко кој живее во Австралија и додека тој спиел се обидел да украде пари. Тогаш се разбудил чичкото и се спротиставил, а пријавениот  го турнал и нападнал.

И покрај дадениот отпор, внукот успеал од внатрешниот џеб од кошулата да му одземе 4.100 австралиски долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top