| четврток, 6 декември 2018 |

Дортмунд се спаси од пораз

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се спасија од пораз откако успеаја да се вратат од 0:2 на синоќешниот натпревар со Штутгарт одигран на домашен терен во рамките на 5. коло од Бундеслигата.

Даниел Дидави со погодоците во 48. и во 68. минута му донесе убава предност на својот тим која на крајот, сепак, се покажа како недоволна за победа бидејќи Борусија прво намали во 78. минута преку Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа преку Чиро Имобиле (86.минута) стигна до бод.

Резултати во 5. коло на германската Бундеслига: Баерн Минхен – Падерборн 4:0, Хофенхајм – Фрајбург 3:3, Вердер – Шалке 0:3, Ајнтрахт – Мајнц 2:2, Борусија Дортмунд – Штутгарт 2:2, Баер Леверкузен – Аугсбург 1:0, Борусија Менхенгладбах – Хамбургер 1:0, Хановер – Келн 1:0 и Херта – Волфсбург 1:0.

Табела: Баерн Минхен 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Хановер 10, Хофенхајм 9, Мајнц 9, Борусија Менхенгладбах 9,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top