Иако во екипата на ПСЖ на гостувањето во Каен не настапи повредениот Златан Ибрахимовиќ, тоа не им беше проблем релативно лесно да ги освојат трите бода на ова гостување.
Головите за гостите ги постигнаа Лукас Моура во првиот дел од натпреварот и Маркињос во второто полувреме.
Со овој триумф ПСЖ се проби до второто место кое го дели со Сент-Етјен и Бордо, додека Каен остана на 14. позиција со само седум освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.