Уште три меча беа одиграни синоќа од 5. коло во шпанската Примера. Нерешено без голови беше во Малага каде гостуваше до сега максималната Барселона, која за 90 минути не успеа да шутне во рамките на голот на Камени.
До својот прв гол оваа сезона дојде екипата на Леванте, која со овој погодок ги освои трите бода на гостувањето во Гранада, исто така и Севилја со минимална победа славеше на Реал Сосиедад.
По ова коло Севилја со 13 бода и се приклучи на Барселона на врвот на табелата.
Постигнати резултати на досега завршените натпревари од петтата рунда во Шпанското фудбалско првенство:
Реал Мадрид – Елче 5:1, Селта – Депортиво Ла Коруња 2:1, Алмерија – Атлетико Мадрид 0:1, Еибар – Виљареал 1:1, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао 2:1, Гранада – Леванте 0:1, Малага – Барселона 0:0 и Севиља – Сосиедад 1:0.
Вечерва играат: Еспањол – Хетафе и Валенсија – Кордоба.
Табела: Барселона 13 бодови, Севиља 13, Атлетико Мадрид 11, Валенсија 10, Реал Мадрид 9, Селта 9,..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.