| четврток, 6 декември 2018 |

Кипар ги прифати условите на Еврогрупата за банкарскиот систем

102325416
Кипар ги прифати условите на Еврогрупата за извршување независна ревизија на банкарскиот систем за да се утврди како се применуваат реформите за борбата против перењето пари.

Тоа се наведува во коминикето на Еврогрупата за резултатите од вчерашната средба на министрите за финансии на групата, на која се разгледуваше прашањето за укажување итна антикризна помош на Никозија. Досега Кипар се противеше за вклучување независна компанија во ревизијата.

– Тоа е важен чекор напред за постигнување компромис за идната антикризна програма – изјави по средбата еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Оли Рен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top