| четврток, 6 декември 2018 |

„Павла над амбисот“ на Словенско младинско гледалишче вечерва на МОТ

predstave_PavlaNadPrepadom_pasica

„Павла над амбисот“ на Словенско младинско гледалишче вечерва е на сцената на Младинскиот културен центар (МКЦ), во салата на киното „Фросина“ на претпоследниот ден на меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ). Претставата почнува во 20 часот.

Ова е претстава инспирирана од животот на алпинистката Павла Јесих. „Драматично сведоштво за животните приказни на словенчната алпинистка. Драматуршки јасно структуираната книжевна форма што создава цррста основа за играње. Карактерот на Павла го играат три актерки и е поделен во три фази од животот на хероината. Монтажата на сцените и пристапот кон анализата на времето јасно ги оцртуваат клучните историски факти“, пишува во рецензијата за претставата.

Во алпинизмот и во кинематографијата, Јесих трасираше нови патишта. „Качувањето е начин да се победи светот, а таа како жена алпинист, освен тоа морала да ги победи и мажите. И успеала во тоа. Во оваа храбра, иноватвна и претстава со естетска совршеност, екипата успеала да ја поврзе прикзната за тажната судбина на буржоацијата од предвоениот период до иновациите во областа на физичкиот и театарот на ризик.

 

Улогите ги толкуваат: Маруша Облак, Катарина Стегнар, Барбара Рибникар, Примож Безјак, Урош Каурин, Борис Кос, Блаж Штеф.

Два и пол  часа подоцна, од 22,30 часот, на истата сцена, во МКЦ ќе се одигра претставата „Шкрип ИНЦ“ на „Маска“ од Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top