| четврток, 6 декември 2018 |

За шест месеци скопјани подигнале три милиони рецепти

lekovi

Дури 9,5 милиони рецепти се реализирани во Македонија првите шест месеци годинава. Тоа значи дека секој осигуреник истиот период испил по пет кутии апчиња.

Според анализите на Фондот за здравство, потрошувачката на лекови годинава е за осум проценти поголема од првата половина во 2013 година. Односно, бројката од година во година константно расте. Експерти велат дека Македонија станува таблетоманска нација.

Најмногу лекови испиле скопјани. Во главниот град за првите шест месеци биле реализирани три милиони рецепти. По 500.000 рецепти биле издадени во Тетово, Битола, Куманово, Прилеп и во Струмица, а по 300 илјади во Велес, Охрид и во Гостивар.

Освен рецептите, се зголемуваат и парите кои Фондот ги издвојува за лековите. Само за првите 6 месеци потрошиле над една милијарда денари. Таа сума е за седум отсто повеќе од 2013 година.
Алармантните бројки укажуваат на фактот дека или сме болна нација или пак без потреба се голтаат апчиња. Надлежните најавија засилување на контролите за да видат за што и како лекарите пропишуваат антибиотици.
„Еналаприл“ за регулирање на крвниот притисок е најкористен лек по бројот на рецепти во првата половина на 2014 година. Веќе пет години е на врвот на 10 најкористени лекови. Според анализите, најмногу го пиеле беровчани, а најмалку гостиварчани.

Високо на табелата е и лекот „диазепам“ за кого за 6 месеци биле издадени над 400 илјади рецепти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top