| четврток, 6 декември 2018 |

Почнуваат деновите на македонскиот мед

med
Од денеска до 27 овој месец во Скопје по десетти пат ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонскиот мед“.
Манифестацијата е во организација на Здружението на одгледувачи на пчели „Матица“ од Скопје и, традиционално, ќе се одржи на улицата „Македонија“, пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Ќе почне со дефиле и настап преку игри и песни на дечињата од детските градинки од општина Центар.

Покровител на манифестацијата е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top