| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Преспански јаболкобер“

resen-jabolka

Богата спортска, културно–уметничка и бизнис понуда најавуваат организаторите на 14. традиционален „Преспански јаболкобер“ што ќе се одржува од денеска до 27 септември.

Програмата ќе биде збогатена со ѕвезди од македонската естрада и културно–уметнички друштва.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени награди и признанија за најдобрите производители на јаболка од Преспа, како и за луѓе и организации кои со својот ангажман  придонеле за развојот и промоцијата на регионот.

На 27 септември, Крстовден, ќе бидат одржани главните активности – традиционалното осветување на родот и откинувањето на првото јаболко.  Ќе биде промовирани новоотворениот  капитален објект – Компостара во Ресен, прв од ваков тип во државата, во кој органскиот отпад од земјоделството, индустријата и домаќинствата ќе се преработува во висококвалитетно органско ѓубриво – компост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top