| четврток, 6 декември 2018 |

Турски писател осуден поради навреди на Ердоган

Турскиот писател Ерол Озкорај осуден е на речиси една година услова казна, бидејќи го навредил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата книга за минатогодишните масовни антивладини демонстрации.

redzep-tajip-erdogan-1371162373-325183

Судот во Истанбул го осуди Озкорај на 11 месеци и 20 дена затвор.

Озкорај е осуден бидејќи „јавно навредил државен службеник“, и „го нарушил достоинството ни честа на Ердоган во очите на јавноста“.

Книгата „Феноменот Гези“, Озгорај ја напиша заедно со сопругата. Во неа се опишани демонстрациите кои започнале во јуни минатата година како мал протест против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, но подоцна се прошири ширум земјата како масовен протест против Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top