Рокот за поднесување на барање за легализација на земјоделската механизација започнува да важи од денес во 31. декември годинава. Истото се доставува до судот кој ја опфаќа територијата на која живее лицето кое го поднесува барањето. Кон самото барање се доставува изјава заверена на нотар дека средството е стекнато на совесен начин, како и идентификациски број на самото средство.
-По добивањето на барањето самиот суд издава предлог решение за легализација кое го испраќа до Министерството за земјоделство кое е должно во рок од три дена да го испрати до своите подрачни единици. Откако тие ќе го добија предлог решението, самите подрачни единици истото го поставуваат на огласна табла и доколку во период од 30 дена, некое лице не го оспори предлог решението, подрачната единица го известува судот, кој издава конечно решение за легализација, истакна портпаролот на Владата – Александар Ѓорѓиев.
По однос на регистрацијата на земјоделската механизација, продолжениот рок започнува да тече од денес до 30 јуни 2015. Согласно процедурата, сопствениците на трактор или тракторска приколка треба да поднесат барање на регистрација до овластените технички служби каде ќе се врши хомологација.
По издадената согласност за регистрација, заедно со доказот за сопственост, лицето кое поседува земјоделска механизација го поднесува барањето на регистрација до МВР, најдоцна до крајот на јуни идната година.
Согласно законот, за нерегистрирана земјоделска механизација предвидени се глоби од 500 евра за физички и од 1.500 до 2.000 евра за правни лица.
Досега поднесени се над 25.000 барања за легалзација и над 15.000 барања за регистрација на трактори и тракторки приколки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Луд предлог на руски политичар пред СП 2018, да се легализира хулиганизмот!
-
Што ќе се случи ако се легализира проституцијата (ВИДЕО)
-
Поплавените да се пријават за бесплатен геодетски елаборат во Агенцијата за катастар
-
Салиу: Механизацијата на Дирекцијата за заштита и справување се повлекува од теренот



