96 ангажирани машини денеска се повлекуваат од регионите коишто беа погодени од невремето, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и справување Шабан Салиу кој смета дека Дирекцијата најодговорно се справи со поплавата и помогна да се исчисти поголемиот дел од калта и покуќнината.
Екипата на дирекцијата во изминатите 13 дена активно работеше на чистење на куќите, дворовите, патиштата, извлекување на возила, санирање на водоводни цевки и останата санација којашто им е неопходна на мештаните за нормално функционирање, смета Салиу. Во поплавените подрачја односно во Црешево, Смилковци, Булачани, Брњарци, депонија Арачиново, Сингелиќ, Камник, Стајковци, Раштански пат и Инџиково, ДЗС со 3.400 вработени исчистила и тампонирала 71 улица со вкупна должина од 15.700 метри, а исчистени се канали и речни корита во должина од 8,6 километри.Т
-Извршивме дезинфекција и дератизација на 447 објекти, испумпана е вода и кал од 53 куќи. Исчистени се 67 септички јами, исчистени се куќи и дворни места од кабаст отпад од околу 129 домаќинства. Санирани се 12 свлечишта со вкупна должина од 770 метри, санирани се темелите на една куќа, и потпорни ѕидови на 10 куќи со вкупна должина од 270 метри- истакна Салиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.