
-На секој мој вработен му е препуштена одлуката за тоа дали ќе земе неколку слободни часа, или ден, недела, месец – објавил Брансон на својот блог.
Брансон објавил дека тој тип на политика успешно го спроведува во своите фирми, па сака да ги поттикне и другите компании да прекинат со броењето на годишните одмори и ограничувањето на работниците.
Според таа политика, работниците не само што можат да одморат кога ќе почувствуваат потреба, туку можат и да заминат на годишен одмор колку што сакаат и имаат потреба, а тоа не им штети ни на фирмата, ни на работата, тимот, ниту пак на кариерата.
– Имам пријател кој го примени истото во својата фирма и тие напредуваа и морално, и креативно и продуктивно – изјавил Брансон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


