| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарна љубов – тој има 21, таа 77 години (ФОТО)

бизар

Британката Дороти Симс (77) отишла на одмор во Тунис и се вљубила во келнерот, 21 годишниот Рафа.

-Правев се да го одвлечкам во хотелската соба – вели Дороти.

Но бракот не траел долго, откако Рафа не добил дозвола за влез во Велика Британија.

Својата приказна Дороти ја раскажа за серијалот „Се омажив со келнер: Љубов на сонце“ кој се прикажува на  ITV.
– Имаше силна привлечност меѓу нас веднаш штом се запознавме. Јас не иницирав ништо, тој ми испрати писменце со кое ме покани на кафе. И реков на сестра ми – што бара тој со мене на кафе, стара баба, кога има толку млади „пилиња“ околу себе – се сеќава Дороти.
Следувал период на романтични денови во кој Дороти и Рафа решиле да стапат во брак. Тоа и го сториле, но Рафа не добил дозвола за престој во Велика Британија.

Бракот на далечина не опстанал, а тој решил да побара работа во Саудиска Арабија. Дороти е неутешна!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top