Еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Рахим Стерлинг се наоѓа на списокот на фудбалери кои ги посакува Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.
Англискиот репрезентативец има договор со Ливерпул до летото 2017 година, но и покрај неколкуте понуди за нов договор, тој се уште тактизира, што во јавноста е протолкувано за можно негово заминување од „Енфилд“.
Моменталната цена на Стерлинг на трансфер пазарот изнесува 20 милиони фунти. Англиските медиуми премесуваат дека неговото заминување во Реал Мадрид е многу реално да се случи уште во зимскиот преоден рок.
Стерлинг игра на позицијата крилен напаѓач. Мината сезона за Ливерпул одиграл 37 натпревари и постигнал 10 голови. Во дресот на англиската репрезентација одиграл девет натпревари, а беше дел од националната селекција и на Мундијалот во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


