| четврток, 6 декември 2018 |

Плодови кои личат на органите на кои добро делуваат (ФОТО)

Орев и мозок

 1

Јадрото на ореовот многу очигледно наликува на мозокот. Има лева и десна хемисфера, а наборите изгледаат како мозочните бразди. Општо е познато дека оревот создава невронски преносители за функцијата на мозокот.

Целер и коски

 2

Целерот наликува на коските и влијае на нивната цврстина. Коските содржат 23% натриум, како и овој вид храна. Доколку не конзумирате доволно натриум преку храната, вашиот организам ќе го црпи од коските кои пак тогаш ослабуваат.

Домати и срце

 3

Ако се погледнете пресечен на половина доматот многу потсетува на човековото срце. Тој има комори и црвена боја, исто како срцето. Според истражувањата, доматите со богати со железо и калиум и затоа се одлични за крвта и срцето.

Авокадо и матка

 4

Секоја жена треба да го има ова на ум. Авокадото, модриот патлиџан и крушките поволно делуваат на здравјето на матката, а на нејзе и наликуваат. Јадејќи по едно авокадо неделно, хормоните кај жената се урамнотежуваат и се спречува рак на матката и јајниците. Дополнително интересен факт е дека е потребно точно девет месеци за авокадото од цвет да созрее во плод.

Сладок компир и панкреас

 5

Слаткиот компир многу наликува на човековиот панкреас, а воедно и го балансира шеќерот во крвта.

Морков и очи

 6

Морковите се добри за видот, а пресечениот морков многу наликува на човековото око. Загледајте се во пресечено парче од морков и практично ќе ги видите зеницата, ирисот и зрачните линии во човечкото око.

Цитрон и гради

 7

Портокалите и цитрусните овошја  воопшто наликуваат на женските гради и помагаат за движењето на лимфата низ нив, спречувајќи рак.

Печурки и уво

8 

Шампињон пресечен на половина многу наликува на човековото уво. Печурките го подобруваат слухот и се една од ретките намирници кои содржат витамин Д, кој е важен за здравјето на коските, дури и оние ситните кои се наоѓаат во увото.

Ѓумбир – желудник

 9

Ѓумбирот наликува на желудникот, а рие ги ублажува неговите тегоби и надуеноста. Содржи ензими кои се одговорни за катализа на протеините во храната, кои помагаат во варењето и спречуваат грчеви, настанок на чир, оштетување на слузокожата итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top