Поминаа 12 години од почетокот на аргентиската серија „Млади бунтовници“, која не само во Македонија и на Балканот, туку и во многу други земји беше вистински хит. Четворицата млади актери кои ги толуваа улогите на Миа, Мануел, Пабло и Марица и денденес останаа вистински другари, помагајќи си еден на друг не само во кариерата, туку и во приватниот живот.
Лусијана Лопилато

Згодната русокоса може да се пофали со најдобра кариера меѓу нив, после завршувањето на серијата. Таа е омажена со канадскиот пејач Мајкл Бубле, со кого има дете, но се уште работи како модел за долна облека.
Фелипе Коломбо

Со неговата партнерка од „Млади бунтовници“, Лопилато, се забавуваа и во вистинскиот живот две години. Сега е татко на тригодишно девојче, чии кумови се Бенхамин Рохас и Камила Бордонаба (Пабло и Марица). Тој зад себе има богата филмографија, а во моментот игра во аргентиската серија „Моите пријатели одсекогаш“.
Бенхамин Рохас

Kако и Фелипе, и Рохас беше во врска со својата партнерка (Марица) од телевизиската серија додека траеше снимањето. Тој покрај глумата, се посвети и на музиката, а во моментот во Аргентина е актуелен со главната улога во едена театарска претстава. Тој остана одличен пријател со сите.
Камила Бордонаба

Во 2008 година таа отвори училиште за глума за деца кои не можат да си дозволат студии, кое во голем дел го финансираше Фелипе Коломбо. Тие двајца се косопственици и на уметничка галерија, а иако Бордонаба исто така се појави во уште неколку телвизиски серии и играни филмови, сега работи како радиоводител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


