| четврток, 6 декември 2018 |

Десет правила во исхраната која ги препорачуваат сите нутриционисти

zdrava hrana

Нутриционистите не можат да се договорат околу многу работи кога станува збор за начинот на исхраната. За некои мастите се причина за појава на салото, за други шеќерот е главен виновник за вишокот килограми. Некои нутриционисти велат дека треба да се избегнува ужинката, а други препорачуваат повеќе оброци на ден. Конечно се договорија за 10 правила кои ги препорачуваат на сите пациенти.

1. Не го прескокнувајте појадокот

Појадокот го активира вашиот метаболизам и ви дава енергија да го почнете денот. Колку и да брзате наутро, никогаш не го прескокнувајте појадокот.

2. Избегнувајте брза храна

Брзата храна во најголе број случаи не е здрава и порциите се преголеми. Може да се почастите еднаш неделно со брза храна, но другите оброци потрудете се да ви бидат здрави.

3. Јадете вистинска храна

Исфрлете ја вкусната, но модифицирана храна полна со штетни емулгатори и вештачки конзерванси. Кога купавте во маркетите, внимавајте на состојките.

4. Слушајте го својот стомак

Јадете само додека чувстувате глад. Кога ќе бидете сити, завршете го оброкот.

5. Јадете повеќе зеленчук

Зеленчукот нека биде дел од вашиот појадок, ручек и вечера. Колку пошарено, толку поздраво.

6. Не ги прескокнувајте оброците

Со прескокнување на оброците само го успорувате вашиот метаболизам. Ако ги прескокнувате оброците, ќе го загубите чувството за ситост и ќе добиете нагон за хрна доцна навечер.

7. Пијте многу вода

Човекот подолго може да издржи без храна отколку без вода. Тоа е факт. Вода треба да пиете преку цел ден. Кога сте жедни, тоа значи дека вашиот организам дехидрирал.

8. Каснете колаче

Може да каснете колач место ужинка и тоа пет часа меѓу оброците. Шеќерот ќе ви даде енергија и ќе ја намали потребата да изедете поголема колична од оброкот кој следи.

9. Не пијте газирани сокови

Заборавете ја газираните сокови и заменете ги со обична вода.

10. Нема човек кој се храни совршено

Не смеете да дозволите конзумирање нездрава храна да стане ваша животна навика. Но, одредете ден во неделата кога ќе се почастите себеси со нешто повеќе вкусно, но помалку здраво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top