Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, не ги одобрува свирежите на навивачите од трибините кои протестираат кога ќе го видат легендарниот голман Икер Касиљас меѓу стативите.
– Свирежите упатени кон Икер не се фер, бидејќи тој имаше голема кариера во Реал Мадрид. Она што го бараме е навивачите да не подржат. Оние кои го свиркаат Касиљас не се верни навивачи на Реал – изјави репрезентативецот на Костарика.
Новиот чувар на мрежата на Реал истакна дека е задоволен со победата на Елче од 5-1.
– Многу е убаво, една од моите најголеми желби беше да дојдам тука и да играм на овој стадион. Тоа е привилегија, а јас сум среќен што победивме – изјави Навас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)