| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 90.000 Шкоти бараат повторување на референдумот

481572_skotska-foto-reuters_f

Повеќе од 90.000 Шкоти бараат повторување на референдумот за независност, а над 69.000 се потпишаа на петицијата со која се бара повторно пребројување на гласовите од референдумот  кого го сметаат за фалсификат.

Првата петиција започната од пред пет дена била потпишана од 91.000 луѓе на сајтот change.org. Потписите биле испратени до премиерот Алекс Салмонд со барање: секој глас да го пребројат двајца, од кои едниот да биде независен набљудувач. Потоа потпишувањето на петицијата продолжило.

Повод за петицијата биле видео снимките објавени на Јутјуб на кои член на една изборна комисија префрла куп гласови за независност на Шкотска врз купт со ливчиња на кои е заокружено „не“. Многумина тврдат дека слични манипулации имало и на други гласачки места, што по нивно уверување значи дека резлутатите се фалсификувани. За премиерот Салмонд да има обврска да ја разгледа петицијата, треба да биде потпишана од најмалку 150.000 луѓе.

Затоа е почнато со потпишување на нова петиција на сајтот 38degrees.org.uk, која е намента за парламентот на Велика Британија.За само три дена се собрани 69.000 потписи. За да се разгледува во парламентот во Лондон потребни се уште 6.000 гласови затоа што се потребни 75.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top