| четврток, 6 декември 2018 |

Проработе Торес, го постигна првиот гол за Милан (видео)

Некогаш еден од најдобрите фудбалери на светот, шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес кој веќе неколку години игра во непрепознатлива форма, синоќа на мечот против Емполи го постигна првиот гол за екипата на Милан.

Слабата форма на популарниот „Ел Нињо“ му ја затвори вратата кај „сините“ од Лондон, па Торес ова лето зврши како позајмен играч во Милан.

Оваа сезона Милан и Торес имаат исти амбиции, да се вратат меѓу најдобрите во светот на фудбалот, а Шпанецот синоќа дебитираше за неговиот нов тим кој одигра нерешено 2-2 против Емполи.

Торес погоди во финишот на првото полувреме со што го намали резултатот на 2-1. До крајот на натпреварот „росонерите“ успеаја да го израмнат резултатот и да останат непоразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top