
Москва ќе и го ограничи пристапот на Украина на клучните руски пазари ако Киев поведе дури и еден дел од трговскиот договор со Европската унија, предупреди вчера рускиот претседател Владимир Путин.
Во писмото до украинскиот претседател Петро Порошенко, Путин предупредува дека дури и промената на националното законодавство со кое би се подготвил трговскиот договор меѓу ЕУ и Украина, познат како договор за приклучување, веднаш би предизвикал одговор на Москва.
Рускиот претседател не изнел детали за можната руска одмазда, но премиерот на Русија Дмитри Медведев минатата недела рекол дека потпишал наредба да им се ограничи пристапот во Русија на украинските извозници.
Договорот меѓу ЕУ и Украина е во сржта на спорот кој од „препукување“ меѓу Брисел и Кремљ поради Киев прерасна во економски санкции, руска анексија на Крим, вооружен судир во источниот дел на Украина и загриженост поради можност од нова Студена војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


