| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со честитка по повод еврејскиот празник Рош Хашана

Премиерот Никола Груевски испрати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ и до припадниците на еврејската заедница по повод празникот Рош Хашана.

gruevski_pismo_nato_g-copy

– Означувањето и чествувањето на овој исклучително значаен датум во хебрејската традиција носи силни морални и етички вредности, како за поединецот и еврејската заедница, така и за општата човекова заедница. Потребата да се погледне во минатото и човек да се наврати на сето она што го направил како добро и не толку добро дело во изминатата година, да побара прошка, да се помоли и да се обиде да биде подобра личност во наредната година, претставува универзална хуманистичка вредност достојна за почит и пример секаде во светот, вклучително и во Република Македонија, се вели во честитката.

Ваквите денови, се додава во честитката, се уште едно потсетување на моралните вредности кои не обединуваат и потврда на придобивките на разноликоста на македонското општество, во чиј состав еврејската заедница си има свое минато, сегашност и иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top