| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштена во употреба новата зграда на ОУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

USAIDIlinden4-630x419

Во Општина Илинен беа предадени во употреба реновираните простории на ОУ „Гоце Делчев“, како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието што Општината го реализираше во соработка со УСАИД.

На пригодната свеченост присуствуваа генерал-мајорот на Националната гарда од Вермонт, Стивен Креј, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Пол Волерс, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и домаќинот, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Со Проектот вреден над 3 милиони денари беше опфатена промена на 62 стари дрвени дотраени прозорци со нови алуминиумски со термопан стакло, промена на 5 влезни врати, рехабилитација и освежување на надворешната фасада, како и замена на котелот во училиштето. Со ова најголемото основно училиште во Општина Илинден „Гоце Делчев“, во кое се образуваат над 1.100 ученици, стана енергетско ефикасен објект.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top