
Третата трка на ролери за основците од Скопје, во организација на Детскиот културен центар-Карпош и Град Скопје се одржа денеска на булеварот Илинден. „Ролер трка 2014“, наречена „Возиме кон иднината“, се одржа во рамките на Европската недела на мобилност, а во неа учествуваа 530 деца од 21 основно училиште од Скопје и околината. Најдобри беа Антонио Гилев од ОУ „Ј.Х. Песталоци“, Стефан Стојанов од ОУ „Круме Кепески“ и Амар Мамути од ОУ „25 Мај“.

Организаторите од ДКЦ „Карпош“ истакнаа дека со мислата „Во здраво тело – здрав дух“ сакаат да ги анимираат најмладите кои ќе ги засакаат ролерите и ќе го развијат духот на масовна дружба.

Стартната позиција беше на булеварот Илинден пред фонтаната „Лотосов цвет“ кај Градскиот парк, а учесниците во ролеријадата се движеа до клучката со улицата Никола Тесла (кај дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило).
фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


